Температурата денеска во утринските часови се очекува да биде -2 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови
Денеска, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во утринските часови на некои места од земјата се очекува да провејува снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови се очекува да биде -2 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 7 степени.
И утре, според УХМР, утрото ќе биде студено со температура од -5 до 4 степени, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, времето утре ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер и максимална температура од 6 степени.