За утре, синоптичарите најавуваат дека ќе има променливо облачно време. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а се очекува и краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, како што се наведува во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата денеска ќе се биде од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
За утре, синоптичарите најавуваат дека ќе има променливо облачно време. Попладне на повеќе места ќе има нестабилно време со пороен дожд и грмежи, во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје и утре ќе има променливо облачно време. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурата утре во текот на денот ќе биде од 13 до 26 Целзиусови степени.