Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Наутро температурата ќе биде 0 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 5 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Вдолж Повардарието, како и во источните делови од земјата ќе дува засилен ветер претежно од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 6 до 2 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Наутро температурата ќе биде 0 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.
За утре, синоптичарите најавуваат дека наутро времето ќе биде студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата утре во текот на денот ќе биде од минус 1 до 8 Целзиусови степени.