За утре, синоптичарите прогнозираат дека ќе има облачно време со врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќта, според синоптичарите, во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде од 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 4 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
За утре, синоптичарите прогнозираат дека ќе има облачно време со врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат и ќе бидат од 4 до 13 Целзиусови степени.
И во Скопје утре се очекува облачно и студено време, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Утрешната температура во Скопје ќе се искачи до 9 Целзиусови степени.