Посочи дека партиите и владите се менуваат, но дека татковината останува, а истовремено нагласувајќи дека националното единство не значи отсуство на разлики, туку заедничка одговорност за државата
„Слободата ја наследивме од предците, а иднината им ја должиме на потомците. Најдлабоката почит кон оние што загинаа за Македонија е да создадеме држава во која вреди да се живее“, рече тој
Македонија мора да биде над сите политички и други поделби, рече во обраќањето од Мечкин камен потпретседателот на Собранието, Антонијо Молошоски, кој ја предводеше собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Илинден во Крушево, повикувајќи на национално единство.

„Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно повеќе од кога било. Дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој треба да одиме. Тоа не е слабост — тоа е демократија. Но, постојат работи што мора да стојат над нашите поделби. Македонија е првата меѓу нив“,
рече тој во обраќањето.
Посочи дека партиите и владите се менуваат, но дека татковината останува, а истовремено нагласувајќи дека националното единство не значи отсуство на разлики, туку заедничка одговорност за државата.
Според него, современиот патриотизам се покажува преку зачувување на македонскиот јазик, историската меморија и идентитетот, како и преку почитување на различностите.
„И затоа патриотизмот денес не е само да го развееме знамето еднаш годишно, ниту само да зборуваме за историјата. Патриотизам е да го чуваме македонскиот јазик-зборувајќи го, пишувајќи го и пренесувајќи им го на нашите деца кои ќе бидат негови нови говорители. Да ја чуваме културата-не само сеќавајќи се на она што било
кажа тој.
создадено, туку преку млади творци кои ќе создаваат нови дела што ќе нè поврзат и со иднината. Да ја чуваме историската меморија-не за да живееме во минатото, туку за да знаеме кои сме додека чекориме кон европската иднина. Затоа што народ што не знае од каде доаѓа, тешко знае и каде треба да оди. А народ што го почитува сопствениот идентитет нема потреба да го негира туѓиот. Македонија не бара ништо што му припаѓа на друг. Но, никој не може да очекува од нас да се откажеме од она што сме. Ние сме Македонци. Имаме своја историја и култура, свои легенди и преданија, свои песни и херои, свои порази и победи. Оставете не да си ги оплакуваме и да си ги славиме по македонски“,
Нагласи дека достоинството се гради заедно со сите граѓани на државата – Македонци, Албанци, Власи, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и другите заедници.
„Националното достоинство не се докажува со омраза кон другиот. Тоа се покажува со почит кон себе и уважување на различните од тебе. Пораката од ова место денес не е упатена само кон минатото и возрасните. Таа е упатена и кон нашите деца. Кон младите што го бараат своето место во светот и често го наоѓаат далеку од дома. И кон иселениците ширум светот кои, каде и да живеат, сè уште ја носат Македонија во срцето. Нашата задача не е да ги убедуваме младите да живеат во историските спомени. Нашата задача е да им оставиме земја во која ќе можат да ги создаваат своите спомени. Земја што ќе ја чувствуваат како своја. Земја во која ќе можат да основаат семејства и да ги растат своите деца. А оние што веќе заминал во странство — да имаат причина еден ден да се вратат. Убаво е Македонија да биде местото од кое потекнуваме. Но, уште поубаво е татковината да биде и местото кон кое се враќаме“,
рече Милошоски.
Осврнувајќи се на значењето на Мечкин Камен, тој потсети на саможртвата на Питу Гули и неговите соборци, оценувајќи дека нивната борба била водена од љубовта кон Македонија и од стремежот за слобода, а не од сигурноста во победата.
Во говорот Милошоски се осврна и на улогата на Никола Карев и Крушевската Република, истакнувајќи дека Крушевскиот манифест останува пример за разум, одговорност и соживот.
Нагласи дека идеалите на Илинден продолжиле преку Народноослободителната борба и АСНОМ, а државната самостојност била потврдена со референдумот во 1991 година.
Според Милошоски, денешната генерација има задача да обезбеди иднина за слободна Македонија и да ја остави како наследство на идните поколенија.
„Слободата ја наследивме од предците, а иднината им ја должиме на потомците. Најдлабоката почит кон оние што загинаа за Македонија е да создадеме држава во која вреди да се живее“,
порача Милошоски, завршувајќи го говорот по повод Илинден.
Поврзани вести:
- Никој нема право да ја ревидира нашата национална историја – порача Сиљановска-Давкова по повод Илинден
- Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден – нашата битка е да ги победиме омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија
- Ахмети го честита Илинден: Наместо приближување кон илинденските идеали, се продлабочува исклучувањето на Албанците
- (ВИДЕО) Филипче: Илинденците се бореа за слобода, ние се бориме против корупцијата, изолацијата и лажниот патриотизам
- Македонија го чествува Илинден – ќе се одбележи со свечености во Крушево, Скопје и во Пелинце
