Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови, нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне до 31 степен
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови, нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
