И во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, во форма на невреме, грмежи и силен ветер е денешната временска прогноза, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а ќе бидат проследени со ветер.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени“
велат синоптичарите.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд.
Во одредени делови на Скопската Котлина врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 28 степени“,
информира УХМР.
И во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Обилни врнежи со грмење и засилен ветер се очекува да има ноќта од петок кон сабота, кога се очекува да дува ветер со 30 километри на час.
Следната недела ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.