Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен
Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, според УХМР, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.