Во текот на утрешниот ден се очекува облачноста да почне да се намалува. Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло време со пораст на температурата
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Ќе дува засилен ветер со брзина на 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи“,
велат пд УХМР.
Оттаму прогнозираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
„Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени“,
соопштија од УХМР.
И утре претпладне ќе врне дожд, а наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува и засилен силен ветер од југозападен правец.
Во текот на утрешниот ден се очекува облачноста да почне да се намалува. Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло време со пораст на температурата.