На планините и на повисоките места, особено во западните делови, се очекува нова снежна покривка, а врнежи од снег се очекуваат и на дел од пониските места, кои во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Претпладне на места ќе има услови за замрзнат дожд
Облачно и студено време прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.
На планините и на повисоките места, особено во западните делови, се очекува нова снежна покривка, а врнежи од снег се очекуваат и на дел од пониските места, кои во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Претпладне на места ќе има услови за замрзнат дожд.
„Во западните делови ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието“,
информираат од УХМР.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -6 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 2 до 10 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со услови за слаб снег во утринските часови. Во текот на денот можни се и врнежи од дожд. Температурите ќе се движат во интервал од минимални -1 до максимални 6 степени.