Утре и за време на продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Се очекува да дува дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен, а во делови од котлината и повремено засилен северен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени“,
велат од УХМР.
Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер над 50 километри на час. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер над 60 километри на час.
Утре и за време на продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава.
Се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час.
