За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели оти во некои делови од земјата ќе има невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 28 степени.
Во Скопје, денеска ќе има променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата утре ќе се искачи до 29 степени.