Според Управата за хидрометеоролошки работи, земјава е под влијание на поле со висок воздушен притисок поради што и во следниот период ќе преовладува стабилно време. Утрата ќе бидат студени, а наместа температурите ќе се спуштат под нулата, додека во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло
По ведрото и постудено утро, денеска на територијата на целата земја се очекува да преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово и Берово, а највисоката температура се очекува да биде измерена во Гевгелија.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево со слаб до умерен ветер во северен правец. Дневната температура во главиот град ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, земјава е под влијание на поле со висок воздушен притисок поради што и во следниот период ќе преовладува стабилно време. Утрата, велат оттаму, ќе бидат ведри и студени со ниски температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.
