Мксималните дневни температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 14 степени Целзиусови
По утринската магла во одделни котлини, во текот на денот нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На места ќе има услови и за локален дожд.
Мксималните дневни температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 14 степени Целзиусови.
Појава на магла утринава ќе има и во Скопје, а во текот на денот се очекува променливо облачно време. Максималната дневна температура во главниот град ќе изнесува 9 степени.
Слично време со појава на малга и променлива облачност нè очекува и утре.