УХМР најавува период на стабилно време со мала облачност и слаб до умерен ветер, додека во главниот град дневната температура ќе достигне 33 степени Целзиусови
Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Според метеоролозите, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, а утринските температури ќе се движат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните дневни вредности ќе се искачат и ќе достигнат од 30 до 35 степени Целзиусови.

Слични временски услови се очекуваат и во главниот град. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во скопската котлина ќе се спушти до 18, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во деновите што следуваат нè очекува период на стабилно, сончево и топло време, проследено со мала локална облачност и континуиран пораст на температурите.
