Од утре, пак, се очекува пад на температурите и се најавува променливо облачно и значително свежо време со врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со грмежи
Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавува УХМР за денеска.
Облачноста, како што велат, во вечерните часови ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има локален дожд.
Ќе дува и слаб ветер од северен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се засилува.
Утринските температури денеска се движат од 10 до 18 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 26 до 35 степени.
Од утре, пак, се очекува пад на температурите и се најавува променливо облачно и значително свежо време со врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а ќе дува и силен северен ветер.