Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови каде врнежите ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места ќе врне снег, инфоормираат од УХМР.
Попладне врнежите ќе престанат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег.