Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од северозападен правец и со максимална температура до 9 Целзиусови степени
Времето утрово е со слаб локален снег претежно на североистокот од земјата, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува, информираат од УХМР.
Утринските температури се движат од минус 2 до 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат во распонот од 1 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од северозападен правец и со максимална температура до 9 Целзиусови степени.