Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд претпладне. Во текот на попладнето променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 18 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
