Времето денеска ќе биде сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се искачи до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Утре нè очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Слично ќе биде времето и во главниот град. Максималната температура ќе биде 37 степени.
Во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од пладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе имаме максимални 36 степени, а во следните денови постојан пораст на дневните температури.