Опозициската ДУИ вчера соопшти дека градоначалниците во скопските општини, кои се нејзини кадри, поднеле иницијатива до партијата со која бараат да се преиспита нивното учество во ЗЕЛС. Обвинија дека постои тенденција за злоупотреба на ЗЕЛС со негово централизирање од страна на, како што велат, моноетничката власт
Владејачката коалиција „Вреди“ утринава реагира на најавата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за потенцијално исклучување на нејзините градоначалници од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), тело во кое се координираат активностите за работата на општините.
„Синоним за ‘мувлата на ДУИ’ е најавата дека ќе ја напуштаат ЗЕЛС, наводно, зпоради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да немаат доблест, чест и образ да се оградат од Рамиз Мерко зашто е ставен на црната листа на САД“,
велат од „Вреди“ во денешното соопштение.
Оттаму повторно ја обвинија ДУИ оти со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата влада само за, како што оценуваат, да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот.
Опозициската ДУИ вчера соопшти дека градоначалниците во скопските општини, кои се нејзини кадри, поднеле иницијатива до партијата со која бараат да се преиспита нивното учество во ЗЕЛС. Партијата обвини дека постои тенденција за злоупотреба на ЗЕЛС со негово централизирање од страна на, како што велат, моноетничката власт, и притоа да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на „Европскиот фронт“.