„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши“, се вели во неделното соопштение на коалицијата

Владиниот коалициски партнер „Вреди“, денеска преу соопштение најави победа на локалните избори во секоја општина каде што мнозинство се етнички Албанци. Оттаму велат, откако 20 години е крадена, мамена и уништувана секоја албанска надеж, ДУИ без срам бара граѓаните да им дадат нова шанса.
„Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена. ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на Албанците на ниски адути за преговарање, денес се плаши од правда. ВЛЕН е одговорот на Албанците на оваа скапана политика“,
се вели во соопштението на „Вреди“.
Коалицијата „Вреди“ потенцира дека е дел од власта за да спроведе промена која Албанците гласно ја бараат и велат, нема да застанат сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја.
„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре! ВЛЕН победува, Албанците победуваат!“,
стои во соопштението.