Во времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме уште посилно, велат од „Вреди“
„Вреди“ го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките принципи, вредности, идеологија и програмски заложби, потенцираат од коалицијата. Во соопштение до јавноста посочуваат дека тие остануваат на целта да прераснат и да се развиваат во политичко движење кое ќе одговори на потребите на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори.
„Во овие времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити во опозицијата секојдневно клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на
наведуваат од „Вреди“.
Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме уште посилно и да работиме заедно за да одговориме на потребите на граѓаните, особено Албанците“,

ВЛЕН е изграден врз принципите на правда, транспарентност и посветеност за обезбедување повисок животен стандард на граѓаните, порачуваат од владејачката коалиција.
„Нашата цел е ВЛЕН да биде политичкиот партнер кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за
посочуваат во соопштението.
поставување фундаменти за сигурна иднина. Сметаме дека со добро дефинирани чекори и одлучни
делувања можеме да ги донесеме потребните промени и да изградиме подобро утре за сите“,
Изминатите денови ДУИ усвои декларација со која иницира озаконување на меѓупартиското коалицирање по принципот победник со победник.

Американецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, ќе биде еден од оние што Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе ги ангажира за прецизирање на законско или уставно решение на т.н. Мајски договор. Информацијата ја потврди пратеникот Блерим Беџети, кој на прес-коннференција порача дека минатиот викенд на состанокот во Мала Речица усвоиле три резолуции.
„Ја нагласуваме потребата од проактивен пристап на главните меѓународни сили, кои го гарантираа мирот со поддршката на Охридскиот договор и нагласуваме дека еден од главните постулати кои произлегуваат од Охридскиот договор е токму заштитата од мајоризација, која се поткопува преку дозволување и овозможување на учество во Владата на коалицијата која не победила и која не ја одразува политичката волја на Албанците во Република Северна Македонија и како таква ја претвора Владата во влада без етнички легитимитет“,
се наведува во резолуцијата на ДУИ.