Ваквата одлука ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата во Прилеп откако до неа биле доставени негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот. Операционите сали во прилепската болница беа затворени пред околу 10 дена по случајот со прилепската пациентка која почина по зафат на гинеколошкото одделение
Откако неколку дена беа затворени поради случајот со прилепската пациентка која почина по зафат на гинеколошкото одделение, вратите на операционите сали во прилепската болница од утре повторно ќе бидат отворени. Ваквата одлука ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата откако до неа биле доставени негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот.
„Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација“,
се наведува во одлуката на Комисијата.
Операционите сали во прилепската болница беа затворени пред околу 10 дена по случајот со прилепската пациентка која почина по зафат на гинеколошкото одделение.
По ова, Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) направи вонреден надзор во болницата и ја задолжи да ги зачести контролите во одделите со висок ризик, односно наместо на три месеци таквите контроли да ги прави на месечно ниво. Дополнително, ја задолжија болницата да назначи овластен лекар што ќе ја координира работата на Комисијата за интрахоспитални инфекции и да го контролира спроведувањето на мерките од програмата за интрахоспитални инфекции.
Инаку, прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти во оваа болница откако во јавноста излегоа информации дека имало интерхоспитална бактерија која била причината за нивната смрт, а во меѓувреме сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.