Кампањата на Бајден најави драстичен пресврт во досегашната политиката на САД, нешто што новоизбраниот претседател го вети во предизборието
Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден во говорот во Делавер, откако проекциите на резултатите во саботата покажаа дека тој успеа да го мине прагот од 270 електорски гласа неопходни за победа, вети дека ќе ја потврди лидерската улога на Соединетите држави на глобалната сцена преку серија активности, еден ден по стапувањето на функцијата, што ќе означи и драстичен пресврт во политиките на се уште актуелниот претседател Доналд Трамп.
Уште во говорот во саботата, Бајден најави дека од денеска започнуваат активностите на неговиот преоден тим, кој треба изборните ветувања од кампањата да почне да ги претвора во планови кои би се спровеле со стапувањето на функцијата.
Приоритет број еден: Справување со влошената состојба со ковид
Првиот фокус на Бајден е ситуацијата со пандемијата со коронавирусот. Тој денеска треба да именува 12-та работна група за коронавирус. Бајден за време на кампањата рече и дека ќе разговара со д-р Ентони Фаучи, главниот владин експерт за заразни болести.
Тој исто така, најави дека ќе донесе серија извршни акти што ќе поништат многу надворешно-политички одлуки на Трамп и ќе се обиде брзо да го врати статусот на Соединетите држави од времето на поранешниот претседател Барак Обама пред четири години.
Советникот за кампања на Бајден, Симоне Сандерс во неделата за Си-ен-ен рече дека новоизбраниот претседател „ќе ги исполни своите ветувања“ дадени во предизборната трка.
Приоритет број два: Враќање во Парискиот договор и СЗО
Бајден повеќе пати ветуваше дека на неговиот прв ден на функцијата веднаш ќе ги врати САД во Парискиот климатски договор, од кој по одлука на Трамп, државата се повлече на 4 ноември, ден по изборите.
Тој исто така најави дека САД ќе се вратат во Светската здравствена организација, од каде Трамп годинава се повлече, поради незадоволство од оваа начинот на кој оваа светска организација реагирала на пандемијата и за тоа како се поставила посебно во однос на Кина.
Обата најавени чекори ја илустрираат голема разлика помеѓу Бајден и Трамп: Бајден е наклонет кон мултилатералните организации и пакти, за разлика од Трамп кој постојано потенцира дека не им верува.
Приоритет број три: Укинување на забраните за муслиманите и имигрантите
Бајден, исто така најави дека ќе укине неколку наредби на Трамп кои ги смета за дискриминирачки и кои се однесуваат на забрана за влез во земјата на граѓани од одредени држави, како и во однос на имигрантите.
Тука пред се мисли на одлуката што Трамп само една недела по инаурурацијата ја донесе, а се однесува на привремена забрана за влез во САД за 134 милиони луѓе од седум земји со мнозинско муслиманско население: Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.
Бајден вети и дека и ќе ја врати програмата што им овозможува на имигранти кои се без документи, во САД биле донесени како деца – да останат во земјата, кои според наредбата на Трамп од 2019 година треба да бидат „протерани исто толку брзо како што и дошле“.
Активистите за човекови права оваа имигрантска политиката на Вашингтон ја споредија со најлошите практики на тоталитарните режими на 20 век.
Тој наброи уште неколку други приоритети, вклучувајќи го искоренувањето на системскиот расизам и пропирување на заштитните механизми за работниците, „какво било неправилно или несоодветно влијание од лични, финансиски и други интереси“.
и пристапот на трансродовите ученици до спорт, бањи и соблекувални, во согласност со нивниот родов идентитет.
Голема пречка во непречено спроведување на овие реформи за Бајден може да претставува тоа што републиканците ја задржаа контролата во Сенатот (иако има втор круг гласање во Џорџија на почетокот на јануари), па се очекува тој да се соочи со блокади.
Тимот н Бајден за транзиција, ги започна подготовките уште од почетокот на септемви од традиционалниот празник Ден на трудот во САД, но неговите активности се засилија во последните неколку недели – преку отворање веб-страница и профили на социјалните мрежи.
Овој тим вчера на Твитер објави дека администрацијата што доаѓа ќе ги преземе „најитните“ предизвици со кои се соочува нацијата, како „заштитата и зачувувањето на здравјето на нашата нација, обновување на нашата можност да успееме, унапредување на расната рамноправност и борба против климатската криза“.