Тимот ќе брои 12-члена, а со него ќе копретседаваат тројца искусни виролози
Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден како свој прв приоритет го одреди формирање 12-члена комисија која ќе има само една задача – да најде начин Америка да се избори со пандемијата на коронавирусот.
Тимот на Бајден за борба против коронавирусот ќе го водат тројца копретседатели – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела Нуњез-Смит – кои имаат завидни биографии од областа на вирологијата.
„Нема да се штедам за да ја свртам целата ситуација со коронавирусот“,
рече Бајден.
Демократскиот кандидат, за време на кампањата, во неколку наврати го критикуваше својот ривал – претседателот Доналд Трамп поради начинот на кој се справува со коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 237.000 луѓе во САД.
Минатата недела, САД регистрираа рекорден број на случаи за седум дена, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 10 милиони.