Пред македонската метропола, на листата на градови со најзагаден воздух вечерва се најдоа Мумбаj и Делхи во Индија и Карачи во Пакистан
Воздухот кој вечерва го дишат скопјани е четвртиот најзагаден во светот.

Ова го покажуваат податоците објавени на онлајн платформата „Ај-кју-ер“ која во живо ги рангира светските градови според (не)квалитетот на воздухот.

Со индекс на загаденост 174, воздухот во Скопје вечерва е оценет како „штетен“.
Во главниот град во моментов се измерени 100 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што, според „Ај-кју-ер“ е 20 пати поголема концентрација на оваа честичка од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).
Пред македонската метропола, на листата на градови со најзагаден воздух вечерва се најдоа Мумбаj и Делхи во Индија и Карачи во Пакистан.