Од денеска се воведува полициски час во четири региони низ Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона, потоа во областите Иматија, Пела и Кавала.
Како што јави МИА, полицискиот час ќе почнува во 1 часот после полноќ и ќе трае до 6 часот наутро, додека пак забрана за музика ќе има во текот на целиот ден.
Конкретните региони, поради епидемиолошката состојба се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција.
Регионите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, островот Икарија и градот Ираклио на Крит, од црвената преминуваат во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.
Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.