Според соопштението, лицето влегло во филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и со закана со пиштол одзело пари
Вооружено лице денеска ограбило банка во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според соопштението, лицето влегло во филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и со закана со пиштол одзело пари.
Грабежот бил пријавен во СВР Скопје во 11:25 часот.
„Денеска (04.06.2024) во 11:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул. ‘Кузман Јосифовски – Питу’ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се наведува во соопштението од МВР.
