Падот на индексот е последица на немањето напредок во преговорите меѓу претставниците на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците за зголемување на горната граница на државното задолжување, па инвеститорите стравуваат од нарушувања во финансирањето на работата на федерални институции
На Волстрит, цените на акциите нагло паднаа во вторникот, бидејќи инвеститорите се загрижени поради недостигот на напредок во преговорите меѓу демократите и републиканците во Вашингтон за зголемување на задолжувањето на државата. Dow Jones загуби 0,69 отсто и падна на 33 055 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,12 отсто, на 4 145 поени, а индексот Nasdaq 1,26 отсто, на 12 560 поени.
Падот на индексот е последица на немањето напредок во преговорите меѓу претставниците на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците за зголемување на горната граница на државното задолжување, па инвеститорите стравуваат од нарушувања во финансирањето на работата на федерални институции. Инвеститорите се надеваат дека може да се постигне договор навреме за Конгресот да го поддржи предложеното зголемување на финансирањето до крајниот рок 1 јуни.
Сепак, роковите се се поблиску, а прашање е што ќе содржи договорот.
„Доколку договорот биде постигнат, ќе има одредени отстапки во трошењето на буџетот. А тоа може да влијае на растот на економијата“,
објаснува Мајкл Вилсон, стратег во „Морган Стенли“.
Инвеститорите се воздржани поради неизвесноста околу каматните стапки на американската централна банка.
Повеќето аналитичари проценуваат дека ФЕД нема дополнително да ги зголемува каматните стапки во јуни бидејќи се намалуваат инфлациските притисоци и регионалните банки се мачат поради заострувањето на условите за кредитирање. Сепак, претставници на ФЕД велат дека инфлацијата сè уште не е доволно ослабена и дека каматните стапки можеби ќе треба дополнително да се зголемат.
Пад и на европските и азиските берзи
Во понеделникот, регионалните претседатели на ФЕД, Џејмс Булард и Нил Кашкари, рекоа дека централната банка можеби ќе треба да продолжи да ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,10 отсто, на 7 762 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,44 отсто, на 16 152 поени, а париски CAC 1,33 отсто, на 7 378 поени.
Пад забележаа и акциите на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше околу 7 часа во минус 0,7 отсто.