Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје ги прекршува речиси сите седум стандарди за нуклеарната безбедност, но според информациите кои експертите од агенцијата ги добиле од официјален Киев засега, гранатирањето не предизвикало закана за нуклеарната безбедност.
„Сите воени активности кои ја загрозуваат нуклеарната безбедност, мора да бидат запрени во најскор можен рок”,
изјави Гроси.
Инаку претходно, групата седум индустриски најразвиени земји ја осуди руската окупација на нуклеарната централа Запорожје и ја повика Москва веднаш да и ја врати целосната контрола на централата на Украина.
„Украинскиот персонал што управува со централата мора да биде способен да ги извршува своите задачи без закани и притисок. Континуираната контрола на Русија врз централата е таа што го загрозува регионот“,
се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Г7.
Најголемата европска нуклеарна централа е под контрола на руските власти од почетокот на март, иако украински техничари и понатаму управуваат со неа.