Со половина час задоцнување почна расправата во Собранието за Информацијата за Предлог-преговарачката рамка. Во моментот на собраниската говорница зборува пратеникот од Левица, Борислав Крмов, кој практично е последниот пријавен пратеник за збор.
Претходно говореа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов и Александар Николовски.
И денеска пратениците од опозицијата продолжија со вувузели и свирчиња да ги саботираат репликите на пратениците од владејачкото мнозинство.