Покрај претставувањето на помошта од Брисел за справување со енергетската криза, при посетата на официјалната делегација од ЕК ќе се потпише и Договорот за Фронтекс
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен попладнево доаѓа во официјална посета на земјата со цел да ја претстави дополнителната поддршка од ЕУ за Северна Македонија и регионот во справувањето со актуелната енергетска криза.
Пречекот на платото пред Владата е најавен со највисоки државни почести од страна на премиерот Димитар Ковачевски. Истиот во живо може да се проследи на линкот во продолжение.
Дел од нашата владина делегација се и вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
По завршувањето на официјалниот пречек, делегациите ќе имаат тет-а-тет и билатерални средби, по што ќе следи и потпишувањето на Договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ.
За вечерта е најавена и прес-конференција на Фон дер Лајен и Ковачевски.
Скопје е само дел од агендата на претседателката на ЕК. Од овде таа ќе отпатува во Приштина и Тирана в четврток, Сараево и Белград в петок и Подгорица во сабота.
Photo: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ