Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, закажа прес-конференција за 13:30 часот на која се очекува да ја соопшти одлуката дали останува на стариот или ќе даде нов предлог за кандидат за министер во МВР во техничката влада.
Првичниот предлог армискиот полковник Драган Ковачки да раководи со овој ресор наиде на оспорување не само од СДСМ туку и од голем дел од стручната јавност, со оглед дека станува збор активен офицер, а според членот 97 од Уставот „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.
Обраќањето на Мицкоски можете да го проследите во видеото во продолжение.