Британската Влада вложува сè за развој на вакцина против коронавирусот, изјави денеска министерот за Мет Хенкок.
На дневниот брифинг тој изјавил дека во четврток ќе почнат испитувањата врз луѓе на вакцина против коронавирусот, која ја развил Универзитетот во Оксфорд.
„Во нормални времиња, доаѓањето до оваа фаза ќе одземе години и јас сум горд на досегашната работа“, изјавил Хенкок, пренесува „Си-ен-би-си“.
Сепак, потенцирал тој, ништо во еден ваков процес не е сигурно.
„Развивањето на една вакцина е процес на проби и грешки и потоа нови проби. Таква е природата на развој на вакцините“, рекол министерот.
Хенкок, исто така, се осврна и на недостигот на заштитна опрема во здравството, истакнувајќи дека Владата разговарала со илјадници добавувачи, но сите не можеле да испорачаат.
Во меѓувреме, Велика Британија регистрира уште 823 смртни случаи од коронавирусот во болници, со што вкупниот број на жртви достигна 17 337