Бројот на новозаразени со коронавирус во Турција се зголеми за 1.256 во текот на вчерашниот ден, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коча на својот профил на Твитер.
Вкупниот број на заразени лица со ковид-19 во таа земја е 278 117.
Во Турција починаа 21 лице во изминатите 24 часа и смртниот биланс изнесува 5 955.
Турција ги укина делумните рестриктивни мерки на 1 јуни и планира да ги отвори училиштата следниот месец.
2020