При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче
Во турскиот град Хатај, еден од најтешко погодените од двата разорни земјотреса на 6 февруари, беше спасено куче од урнатините и 25 дена по земјотресот.
Екипи на АФАД и други служби работеле на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас од под една од урнатините, по што следувала потрага.
По успешната операција на екипите за пребарување и спасување, 25 дена по разорните земјотреси, од под урнатините успешно е извлечено куче териер.
Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините, каде што било затворено и така преживеало. По извлекувањето од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна амбуланта.
При отстранување на урнатините, на истата локација е пронајдено и тело на лице за кое се претпоставува дека е сопственик на спасеното куче.
Во Турција и Сирија во земјотресите на 6 февруари загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес.