Полицијата казнила 34 возачи кои непрописно престигнувале на територија на Тетово и Гостивар. Засилената акциска контрола за спроведе СВР Тетово денеска од 14 до 20 часот, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, 16 од возачите се санкционирани во Тетово, а 18 во Гостивар.
Оттаму посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.