Два воза се судрија во Јужен Египет, при што загинаа најмалку 32 лица, а 64 се повредени, јави Си-ен-ен.
Локалните медиуми објавија видео на кое се гледаат неколку превртени патнички вагони на местото на несреќата во провинцијата Сохаг, 460 километри јужно од главниот град Каиро.
Околу 36 амбулантни возила се испратени на местото на настанот за да може да им дадат помош на повредените.
Ова не е прва несреќа во Египет од вакви размери, најтешката беше во 2002 година, кога загинаа најмалку 350 лица.