Ќе се прави скрининг во установата, откако и дел од персоналот пројавил симптоми
Дванаесет паценти во старскиот дом „Сју Рајдер во Битола се позитивни на ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје во овој град. Поради тоа ќе се прави скрининг во установата, откако и дел од персоналот пројавил симптоми.
Како што посочија од ЦЈЗ-Битола, во петокот , одговорни лица од хоспис „Сју Рајдер“ биле добиени информации дека двајца пациенти пројавиле лесна клиничка слика (температура). Истиот ден испратен е медицински техничар и на двете лица им се земени брисеви за ковид-19. Во вечерните часови добиени се позитивни резултати и за двајцата пациенти.
Следниот ден, објаснуваат од ЦЈЗ-Битола, направени се епидемиолошки анкети, а одговорните лица на хосписот пријавиле дека уште кај 12 пациенти се јавиле лесни симптоми.
Истовремено имало неколку вработени со симптоми на ковид и тие биле отстранети од работа. Истиот ден земени се брисеви и за другите 12 пациенти. Во текот на вчерашниот ден, добиени се позитивни резултати за 10 од вкупно 12 пациенти.
Веднаш е известен Институтот за јавно здравје- Скопје, при што е одлучено да се започне со скрининг, прво на пациентите, а потоа и на персоналот. Позитивните пациенти во моментов се сместени во т.н. црвена зона во организацијата, суспектните во т.н. портокалова зона. Денес беше извршен епидемиолошки увид од стана на епидемиолог и ДСЗИ при што се земени уште 17 брисеви од пациенти, од кои дел се со лесна симптоматологија.