Во последните 24 часа во Србија се откриени нови 81 нови заразен пациент со коронавирус од вкупно 245 тестирани. Ова е најголема бројка на дијагностицирани случаи во едно деноноќие кај северниот сосед, но и најголемата бројка на тестирани.
Со новите 81, вкупната бројка на заразени во Србија се искачи на 384 лица.
Од заразените на респиратори се наоѓаат 24, а досега се починати 4 лица.
Епидемиологот Предраг Кон, на прес-конференција ги кажа заразените и по градови. Така, според презентираното, регистрирани случаи има 35 српски градови.
Најмногу има во Белград 158 лиц. Ниш има 40 заразени граѓани, Ваљево има 38, Нови Сад 21, Чачак 13, Крагуевац 12, Крушевац и Чуприја имаат по 10 лица, а во Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево имаат помалку од 10 потврдени случаи.
Во 21 град потврден е барем еден случај.