Српските произведувачи и продавачи на оружје во текот на 2017 година за три месеци направиле 80 трансакции вредни 13,6 милиони долари. Американскиот трезор ги забележал овие трансакции како сомнителни, пренесува Мрежата за истражување и корупција КРИК. Мрежата за истражување финансиски криминал (ФИНЦЕН) откри досиеја кои протекоа до меѓународните новинарски здруженија.
Во документите има српски државни компании, вклучувајќи ги „Југоимпорт“, „Крушик“ и „Застава“. Истрагата на американските банки и ФИНЦЕН имала ефект што го почувствувале произведувачите на оружје во Србија.
Директорот на „Крушик“, Владан Лукиќ, за КРИК вели дека токму во тој период од 2017 година имале проблем со американските банки кои им ги затворале сметките. Тогаш се случи да коресподентските американски банки кои соработуваат со нашите банки да одбијат да трансферираат пари.
Документите на ФИНЕЦЕН содржат детали за трансакциите, но не и јасно објаснување зошто баш овие трансакции се означени како сомнителни.
Новинарите на КРИК, сепак, успеале да најдат нешто што може да се поврзе, а тоа е дека поголемиот дел од трансакциите кои доаѓале од Србија поминувале и на сметките во руски банки во Москва.
Дел од тие пари биле исплатени на таканаречени консултации или агенти за тргување со оружје.