Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 372 новозаразени со кои вкупната бројка на заразени се искачи на 5 690.
Бројот на починати од ковид-19 во изминатото деноноќие, пак, изнесува седум со што вкупната бројка се искачи на 110 смртни случаи.
Во Хрватска, пак, веќе се размислува за разлабавување на мерките, пренесуваат хрватските медиуми, јавувајќи за денешните статистики.
Таму, денеска се регистрирани само 23 новозаразени и еден смртен случаи.
Вкупната бројка во Хрватска изнесува 1 814, а на починати 36.