Од општините што административно припаѓаат во главниот град убедливо највисока е бројката на активни случаи во Чаир (235), а најниска во Шуто Оризари (29)
Во Скопје моментно има 1 040 активни случаи на ковид-19, наспроти вкупно 1 676 случаи што се регистрирани од почетокот на епидемијата.
Убедливо е најголема бројката на случаи во Чаир – 235.
Потоа се Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар – со речиси исти бројки на заразени…
• Бутел – 88
• Аеродром – 87
• Гази Баба – 89
• Центар – 87
Помалку од 80 случаи има во:
• Карпош – 79
• Сарај – 75
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 39
• Шуто Оризари – 29
Дистрибуцијата низ општините во околината на Скопје е:
• Студеничани – 25
• Арачиново – 30
• Илинден – 20
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 6
• Сопиште – 3
Уште по два случаи на коронавирус се евидентирани како „странец“ и „неутврден“.