Бројот на жртвите нападот што се случил вчера може да биде поголем бидејќи меѓу ранетите, кои со амбулантни возила и хеликоптер биле однесени во болниците во градот, има лица кои се во критична состојба
Хутите соопштија дека групата „го затворила меѓународниот аеродром во Ријад“, додавајќи дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, прогласувајќи го за зона на воени операции откако јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија започна офанзива против групата во понеделникот
Денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди нападот на аеродромот, посочувајќи дека станува збор за чин кој претставува кршење на меѓународното право
Дванаесет лица се убиени, а повеќе од 300 ранети во ракетен напад врз меѓународниот аеродром во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, за кој одговорноста ја презедоа јеменските хути, пренесоа светските медиуми.

Станува збор за трет и досега најсмртоносен напад врз аеродромот во Ријад оваа недела, откако во претходните два беа убиени четири лица.
Бројот на жртвите во нападот што се случил вчера може да биде поголем бидејќи меѓу ранетите, кои со амбулантни возила и хеликоптер биле однесени во болниците во градот, има лица кои се во критична состојба.
Инаку, Саудиска Арабија ги поддржува јеменските владини сили во војната против хутите кои, пак, ја имаат поддршката на Иран во војната што двете страни ја водат за превласт во Јемен.
По нападот сите летови до Ријад се пренасочени кон други аеродроми, а операциите на аеродромот што го опслужува градот со околу осум милиони жители се привремено суспендирани, соопшти Саудиската управа за цивилно воздухопловство.
Хутите соопштија дека групата „го затворила меѓународниот аеродром во Ријад“, додавајќи дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, прогласувајќи го за зона на воени операции откако јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија започна офанзива против групата во понеделникот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера не одговори конкретно на прашањето дали Вашингтон планира да се вклучи во нападите врз хутите што ги предводи Саудиска Арабија, но наведе дека наскоро ќе донесат одлука имајќи го предвид вчерашниот напад.
„Можеби. Ќе го разгледаме тоа. Дури сега дознавме за овој неодамнешен напад, па ќе донесеме одлука. Дејствуваме многу брзо“,
рече тој.
Сведоштва на очевидци на нападот
Очевидец на аеродромот „Крал Калид“ за медиумите изјавил дека видел експлозија, а потоа неколку повредени лица како лежат на земја во објектот на аеродромот. По кратко време, повеќе од десетина амбулантни возила биле видени како со голема брзина се движат кон аеродромот.
Повреден патник за новинската агенција Ројтерс изјавил дека видел објект како лета на небото надвор од аеродромот пред дел од таванот да се сруши во близина на портата за качување.
MASS CASUALTIES IN RIYADH The damage from the attack on Riyadh’s King Khalid International Airport is extensive. Saudi authorities now report 12 people killed and 309 injured after the airport was struck. The Saudi-led coalition blames the Iran-backed Houthis for the attack. Airport operations were suspended as authorities assessed the damage.
— Mossad Commentary (@MOSSADil) October 11, 2026
Американската амбасада во Ријад соопшти дека е свесна за нападите и дека им советува на своите државјани во САД да го избегнуваат аеродромот и околните области.
Саудиска Арабија влезе во војната во Јемен во 2015 година, предводејќи арапска коалиција во обид да ги избрка хутите од јеменскиот главен град Сана, кој групата го зазеде една година претходно, потиснувајќи ги владините сили.
Војната оттогаш дегенерира во крвав ќорсокак. Саудиска Арабија постигна договор со хутите во 2022 година, со кој се замрзна конфликтот, но тоа примирје пропадна во текот на летото, кулминирајќи со молскавичен напредок на групата, која ја презеде контролата врз Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.
Јеменската влада започна офанзива оваа недела за да се обиде да ја врати територијата, но напредокот е бавен.
Осуди од ОН и ЕУ
Денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди нападот на аеродромот, посочувајќи дека станува збор за кршење на меѓународното право.
„Длабоко сум шокиран и силно го осудувам смртоносниот напад на Хутите врз меѓународниот аеродром ‘Крал Халид’ во Ријад, во кој загинаа 12 лица, а стотици се повредени. Нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура се кршење на меѓународното право. Ваквите напади мора веднаш да престанат“,
рече Антонио Гутереш.
Нападот го осуди и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас, која на Икс го оцени како ужасен терористички чин.
„Не може да постои никакво оправдување за неселективни напади врз цивили и цивилна инфраструктура. ЕУ изразува солидарност со Кралството Саудиска Арабија. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“,
вели шефицата на европската дипломатија.
Таа додава дека министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе разговараат за ескалацијата на тензиите во регионот, посочувајќи дека од клучно значење е зајакнатата координација меѓу поморската операција на ЕУ во Црвеното Море, „Аспидес“ (Aspides), и Мултинационалната коалиција за поморска одбрана предводена од Саудиска Арабија.
The Houthi attack on Riyadh’s international airport is an appalling act of terror. There can be no justification for indiscriminate attacks on civilians and civilian infrastructure. The EU stands in solidarity with the Kingdom of Saudi Arabia. We offer our deepest condolences to the families of those killed, and we wish the injured a swift recovery. I remain in close contact with @FaisalbinFarhan. EU Foreign Ministers will discuss the escalating tensions in the region on Monday. Enhanced coordination between the EU’s Red Sea naval operation Aspides and the Saudi-led Multinational Maritime Defence Coalition is vital.
— Kaja Kallas (@kajakallas) October 11, 2026
Нови предупредувања од хутите
Јеменските хути денеска ги предупредија авиокомпаниите, патниците и аеродромските работници да ги избегнуваат саудиските аеродроми бидејќи, како што напишаа на социјалната мрежа Икс, тие се цел на нивните сили.

„Уште еднаш ги предупредуваме сите авиокомапнии, експерти, вработени, работници и патници да не ги користат саудиските аеродроми и воздушен простор бидејќи се изложени на напади и се цел на операции на нашит сили, со исклучок на аеродромите во (светите градови) Мека и Медина“,
напиша групата на Икс.
Меѓународната конференција за енергетика сепак ќе се одржи во Ријад
Поради вчерашниот напад, меѓународниот аеродром „Крал Халид“ е привремено затворен, но саудиското Министерство за енергетика објави дека меѓународната конференција за енергетика, која е планирана долго време, сепак ќе се одржи во Ријад.
Петдневниот конгрес се одржува во конгресен центар на околу 10 километри од аеродромот. Државната телевизија објави дека повеќе од 70 министри, 300 директори на компании и претставници на повеќе од 25 меѓународни енергетски организации го потврдиле своето учество.
Сè уште не е познато дали учесниците ќе присуствуваат лично или виртуелно.
Министерски состанок на Меѓународниот енергетски форум е закажан за денеска, а според соопштението за медиумите, пленарната седница ќе се одржи зад затворени врати. Дополнителни детали сè уште не се објавени.
Одделно, саудиските власти ги информираа родителите дека часовите во живо за сите ученици, наставници и административен персонал ќе бидат суспендирани и ќе се одржуваат од далечина од денеска до четврток.
