На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1 581 пациент
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1 581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопштија од Министерството за здравство.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника, во Козле билe примени 4, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 263 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 132 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести 146, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид-19 и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 пациенти со ковид.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и сомнителен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 87 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид-центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Претходно денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се бележат трендови на опаѓање на нови случаи со ковид-19, а сериозно е намален притисокот и врз болниците, поради што викендов ќе се затворат дел од ковид-одделенијата што беа дополнително отворени.