Тој, како што утринава информираат од МВР, вчеравечер пред 22 часот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ откако се здобил со повреда од огнено оружје
Триесет и едногодишен маж од Скопје (Д. Б.) е повреден во синоќешната престрелка во скопски Чаир.

Тој, како што утринава информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер пред 22 часот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ откако се здобил со повреда од огнено оружје.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Повикувајќи се на извори во МВР, „Фокус“ вчера објави дека по синоќешното пукање е приведено едно лице. Во соопштението од МВР, пак, не е наведена информација за евентуално приведено лице во врска со случајот.