Пријавата за пукањето пристигнала од граѓанин кој слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на лице место имало траги од крв
Еден ранет и еден приведен по вечерашното пукање кое се случи во скопски Чаир, објави „Фокус“, повикувајќи се на извори во МВР.
Пријавата за пукањето пристигнала од граѓанин кој слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на лице место имало траги од крв.
Приведено е едно лице, додека ранетиот бил префрлен во операциона сала.
„Фокус“ јавува дека ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“, а напаѓачот е од скопски Сингелиќ.