Во Шпанија околу 4 000 здравствени работници се заразени со новиот коронавирус и речиси секој деветти заразен член на медицинскиот персонал го пријавил тоа, објави шпанската здравствена служба.
„Имаме некои информации што не ни се допаѓаат, треба да ги ставиме под контрола, како што е фактот дека 3 910 здравствени работници се заразени“,
изјави шефот на здравствената служба Фернандо Симон на прес-конференција.
Вчера бројот на заболени во Шпанија, втората најтешко погодена земја во Европа по Италија, беше 33 089. Ова значи дека здравствените работници се околу 12 од заразените.
Бројот на починати се искачи на 2 182, што е зголемување за 462 од неделата. Од починатите, 87 отсто биле 70-годишници или постари.