Експериментот ќе биде спроведен во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл
Клиничкото испитување за оцена на вакцината намената за заштита од новиот коронавирус почнува денеска, кога треба да се вакцинира првиот пациент, соопшти претставник на американската Влада.
Експериментот ќе биде спроведен во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје.
Според експертите, за да се потврдат ефектите од вакцината потребни се од 12 до 18 месеци.
Како што јавуваат медиумите во САД, тестирањето ќе почне со пеесетина млади и здрави волонтери со различни дози.
Десетици групи на истражувачи низ целиот свет се обидуваат да создададат вакцина, додека се шири заразата од новиот вирус.